неделя, ноември 22, 2015

УСИН КАПИДАН (Тиквешката крвава сватба)

Автор: Тодор Камчев

Трансформирал от PDF формат с ABBYY FineReader и обработил: Павел Николов

Бев уште ученик во III клас во 1898-1899 година кога почнавме да шушукаме со другарите дека во наше Неготино, па и во другите градови низ Македонија, веќе постојат организирани револуционерни комитети што работат за нашето ослободување од турско ропство. Се зборуваше дека Делчев ги организирал овие комитети уште пред неколку години, кога поминал низ Тиквешијата за ревизија по школите.

Каква милина, каква жед чувствуваа нашите млади срца да пораснеме и да земеме и ние учество во тоа дело. Да положиме и ние заклетва, како и постарите, за да му служиме чесно на делото и да се најдеме и ние меѓу најхрабрите за да бидеме достојни синови на мајката-татковина.

Токму во тоа време разни групи Турци, бабаити, шетаат по улиците на Неготино со пиштоли заденати во појасот, влегуваат во бугарските дуќани, земаат стока наводно на вересија, која никогаш не ја плаќаат и си одат неказнети од никого.

Помеѓу овие турски бандити најголем бабаит беше Тосин Капидан.

Тој беше родум од с. Тимјаник, чисто помачко село, на два километри оддалечено од Неготино. Уште од мал тој беше многу лошо дете, од него плачеа не само Бугарчињата, туку и Турчињата. Кога навршува 20 години тој е војник во Солун. Млад, не многу крупен, висок и убав, но многу буен, тој и не обрнуваше внимание дури ни на Турците и турската власт. Физички беше јак, беше одличен борач и го носеше името Усин Пеливан. Додека бил во Солун, бил казнет за нешто од неговиот дивизиски началник (нашата) и пукал во него. Бил затворен, но избегал од затворот и со уште неколку мина другари собрале илегална чета, од која се плашеше и турско и каурско во околијата. Во однос на Бугарите тој немаше некои особени подвизи пред да стане арамија, повеќе ги малтретираше турските аги и некои свои лични противници.

Еднаш неговите противници и некои жандарми му направиле заседа, го раниле во десното рамо и го фатиле. Го однеле во Солун и го затвориле во Еди Куле. Но во 1899 година бил амнестиран и се вратил во Тимјаник. Оттогаш почна да се нарекува Усин Каиидан (што значи војвода на чета). Не сака веќе да го именуваат Усин Пеливан. Едното рамо му беше малку накриво, во појасот носеше карадачки пиштол со посребрена рачка, сребрен синџир од рамото до појасот со часовник и со три сребрени топки, големи како јаболки; цигарлак со должина од 25-30 см, сребрен и со килибар на крајот. Со него обично одеа двајца-тројца аркардашлари, за да го возвеличуваат при секое негово херојство - ете го Усин Капидан, дошол да се прошета низ Неготино. Пообичните и средно заможните Турци му стануваат на нозе – за Бугарите да не зборуваме. Со овој ќијафет влегува во некој бугарски дуќан, си зема што ќе си посака и излегувајќи, вели:

- Сега не носам пари, подоцна ќе ти ги испратам.

Освен по дуќаните, Усин Капидан се научи да оди и по бугар¬ски свадби. Таму ги тераше свирачите да му свират додека му мине меракот, потоа ги тераше младоженецот или невестата да му бакнуваат рака, пиеше и ракија.

Тој дури почна да зема давачки од побогатите неготинци и тие му се поплакале колективно на солунскиот валија од неговите зулуми. Валијата наредува да го уапсат, но по два месеци го ослободуваат. Сега Усин Капидан е уште пооѕверен, почнува одново да собира пари и жестоко да се заканува.

Еден ден го сретнува Доно Мојсов, кој одел со својата млада не-веста кај татко й на гости. Усин ја вади камата и сака да ја бакне не¬вестата, а од Доно бара две лири на заем. Но во таа седмица се решава веќе неговата судбина. Рајата веќе се бунтува, во срцата на посветените во револуционерното дело неготинци врие жед за одмазда. Истата недела е свадбата на нашиот сограѓанин Никола Јорданов, кој е еден од лицата влезени во Организацијата. Семето на револуцијата, посеано од Делчев, во почетокот помеѓу 5-6 луѓе, веќе ги даде своите добри резултати - почвата беше по-волна и даде добри плодови. Организацијата веќе зеде големи раз¬мери и голем број неготинци беа зачленети. Тие луѓе не можеа веќе да ги гледаат злосторствата на Усин Капидан и без оглед на големиот ризик, решија да го убијат.

Усин се чувствуваше недопирлив, вршејќи ги своите злосторства мислеше дека никој не му може ништо. Почна дури и сам да се шета по Неготино и ден и ноќ - дури сам почна да оди и по бугарските свадби. Така дојде и на споменатата веќе свадба. Откако се насити на музиката и ракијата, а побара и младоженците да му бакнат рака, тројца од револуционерите, Георги Марков, Пано Џунов и Наце Подлешански решаваат токму сега, на излегување, да го убијат. И навистина, на излегување од свадбата, на сто чекори од куката, кога поминува низ едно долче, го напаѓаат: Георги Марков пука неколку пати со револверот и Турчинот се струполува полумртов во долот, тогаш кон него оди Наце и му ја отсекува главата со својот касапски нож и ја тркала во калта, одделена од трупот.

Тоа е првото дело на неготинските револуционери и првиот плод на револуционерното семе посеано од Г. Делчев во Тиквешијата.

Во следното утро беа уапсени како учесници во убиството: Георги Марков, Лазар Дудин, Наце Касапот, Коце Гркот, Георги Станоев, свештеникот Ташо, младоженецот и др., но бидејќи немаше фактички докази, по шест месеци делото беше завршено и затворениците беа ослободени.

По овој случај непознат народен пејач ја создаде следнава пес- на за У син, која се пееше во Неготино и околијата:

Мајката на Усин седи кај обезглавеното тело на својот син, го оплакува и истовремено му се кара за неговата непослушност:

"Нели ти реков, седи не оди в пусто Неготино,

Деј гиди Усин Капидан, деј гиди клето Турче, де!

На каурска свадба, оти таму има лоши каури,

Деј гиди Усин Капидан, дејги клето Турче, де!

Ке те убијат, ќе ми ти ја земат русата глава,

Дејгиди Усин Капидан, дејгиди мило чедо де."

-------------------------

ЗА АВТОРА: Роденият в Неготино Тодор Камчев Петров (1880-1961, София) е ВМОРО революционер и български учител в Македония. Участва в основаването на партията на левицата във ВМОРО - Народната федеративна партия (българска секция) в Неготино. Един от ръководителите на Тиквешкото въстание срещу сръбската окупация на Вардарска Македония през 1913 година. След края на Първата световна война, когато родния му край отново попада под сръбска власт, се премества с цялото си семейство в България, където работи в Македонската народна банка в София и инициира създаването на Тиквешкото македонско благотворително братство.

Няма коментари:

Публикуване на коментар

Анонимни потребители не могат да коментират. Простащини от всякакъв род ги режа като зрели круши! На коментари отговарям рядко поради липса на време за влизане във виртуален разговор, а не от неучтивост. Благодаря за разбирането.